Македонските инженери контра владината одлука која под концесија ја дава водата на Црна река за изградба на ХЕЦ „Чебрен“. Енергетските експерти бараат владата веднаш да ја преиспита и повлече ваквата штетна одлука и да не склучува договори со странска компанија со која се откажува од државните води. Вели дека и ние како држава може да изградиме ваков енергетски проект. Наместо македонското електростопанството, од ваквиот лош бизнис, ќе се офајди грчкиот систем бидејќи во раце ќе ги има сите расположливи капацитети за оваа простројка, вели енергетскиот експерт Константин Димитров.

И додека државата ја испушти шансата за изградба на „Чебрен“, од Владата се оптимисти дека направиле добра работа, за доброто на државата. Владиниот советник за енергетика Виктор Андонов, рече дека со оваа одлука се овозможува реализација на еден од најголемите и најважните енергетски проекти во Македонија, а проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра.

Експерстаката јавност е согласна дека Чебрен е потребен, но бараат процесот да биде транспаремнтен. За нив е неразбирливо зошто мега енергетскиот капацитет не го градиме самите, туку се бара стратешки партнер. Тие упатија апел до сите сограѓани од Стопанската комора, да дадат придонес во спречувањето на овој, како што кажаа, злочин, од кој последиците ќе ги трпат сите граѓани.

Инаку, по 13 пропаднати тендери, по повеќе од 30 години, Владата донесе одлука за доделување на концесија за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ на грчката компанија ППЦ-Архиродон. Откако ќе заврши проектирањето и собирањето на документацијата, предвидено е да се почне со градбата. Рокот за изградба е 7 години.





