Македонските граѓани „непожелни“ и во Чешка

Владата на Чешка соопшти дека од 15. јуни ќе ги отвори границите за 19 земји без тест за коронавирус, но на списокот не се и граѓаните на Македонија.



Без тест за корона, во Чешка може да влезат државјаните на: Австрија, Финска, Норвешка, Исланд, Германија, Швајцарија, Лихтенштајн, Хрватска, Словенија, Грција, Словачка, Полска, Унгарија, Романија, Бугарија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија.

Доколку покажат негативен тест, во земјата ќе можат да влезат граѓаните на Данска, Ирска, Белгија, Холандија, Луксембург, Франција, Португалија, Шпанија, Андора и Италија.