Женската фудбалска репрезентација на Македонија ѝ подари бод на Бугарија во Лигата на нациите со два примени гола во финишот од натпреварот на стадионот „Васил Левски“ во Софија, кој заврши нерешено 2:2.



Гентјана Рочи уште по 10 минути игра го отвори резултатот во мечот од последното коло од дивизијата Ц, а зголеми Улза Максути во 62. минута, навестувајќи реванш со камата за поразот од 1:0 во првиот меѓусебен дуел во Скопје.

Но, со играч повеќе по вториот жолт картон на Сара Коларовска во 71. минута, Бугарките во 85. минута намалија преку Леонора Желева, а македонската голманка Магдалена Лековска со несмасната интервенција во петтата минута од судиското надополнување на времето ѝ овозможи на Полина Расина да израмни од непосредна близина!

Бугарките ќе разигруваат за пласман во дивизијата Б како второпласирани со 5 бода во петтата група, која ја освои Косово со 10, а Македонија е трета со 1.

Линк од фудбалската драма во Софија:

https://sportal.bg/video_embed/aWQ9MjAyMzEyMDUxNTU1NDg2NzIwNQ==