По нивните постари колеги синоќа против Лихтенштајн, и фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година пукна „петарда“, а настрада Бугарија, која беше декласирана со 5:1 на „Анталија куп“.



Методија Максимов беше стрелец на два гола, а по еднаш бугарската мрежа ја погодија Марио Илиевски, Арби Воша и Берат Калкан.

Претходно на турнирот во Турција избраниците на селекторот Благоја Милевски одиграа нерешено 2:2 со Словачка, и тоа откако си дадоа автогол во 89. минута, а на стартот беа поразени со 2:1 од Казахстан.