Македонските државјани најдепортирани од Германија годинава!

Неславна статистика од сојузните власти на Германија покажува дека во првата половина од годинава најдепортирани странци од најголемата држава во Европската унија се државјаните на Македонија.



Од вкупно 6.198 странски државјани протерани од Германија во периодот од јануари до јуни 2022 година, 454 се сопственици на македонски пасош. Веднаш зад нив се државјаните на Албанија со 402 протерани, па следуваат Грузијците и Турците.