Македонските ,,деца” трети во Европа по доцна заминување од домот на родителите

Македонските ,,деца” се на трето место во Европа по возраста на која што го напуштаат домот на родителите.



Според табелата која е објавена во Хрватска наследниците на Македонците од домот на родителите заминуваат на 32,1 години.

Пред нив се само ,,младите” Црногорци и Хрвати кои уште подоцна заминуваат од домот на своите татковци и мајки.

Зад македонските ,,млади” се Србите, Италијаните и Шпанците.

Најрано од дома во Европа заминуваат младите Даноци и Германци.