Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот Културен Клуб – Скопје (БККС) во врска со гласањете за уставните промени со што ќе се промени уставното име на Република Македонија упати закана до пратениците кои наводно имаат бугарски пасош.
Младенов смета дека гласањето дава можност Македонија да ја започне процедурата за присоединување со ЕУ и НАТО, и поради тоа на фејсбук го напиша следниов статус:
“Подземните игри на некои политички кругови во Софија никако да престанат. Истурањето вода под Македонската рогозина може и ним да им го натопи задникот, но тие не покажуваат грижа за тоа. Кокетирањето со про-руските протежеа на Македонскиот претседател, не е само чекор против Македонија, тоа е и чин на предавство спрема Бугарија и нејзините национални интереси. Играњето во полза на каузата, Македонија да остане во моменталната состојба, го следиме со големо внимание. Немојте да мислите дека немаме информации. И немојте кон нас да се однесувате како макеа, преземете си ја улогата на мајка, ама сосема сериозно. Овој момент нема повеќе да има репризи. Одговорноста е и ваша. Поразот ќе биде и ваш, ако се случи.
Затоа, преземете си ја улогата која ви доликува и удрете ги по рамо вашите скопски пријатели од македонскиот парламент, специјално од ДПМНЕ, утре да си ја завршат работата во полза и ЗА Македонија, специјално тие со бугарско државјанство. Во случај да бидат ПРОТИВ, бараме од вас да подигнете процедура за одземање на истот. Не може некој да ги користи благодетите на Европа преку бугарско државјанство, а да работи против интересите на Македонија да дојде до тие бенефити.
И сосема на крајот, колку и да мисли некој дека е некултурно, ние си кажуваме, доаѓаат и вашите избори и тогаш можеби нашиот глас нема да тежи многу, но нашата дума секако!“ – напиша Младенов.
И покрај многуте најави и информации досега нема ниту еден доказ дека некој македонски пратеник има бугарски пасош.
Изјавата на Младенов се толкува како пропаганден чекор откако партијата на Бугарите во Македонија не успеа да собере повеќе од 1200 членови и активисти иако очекувањата биле за десетици илјади луѓе.





