Во 7 часот денеска во Македонија, на 7 избирачки места Бугарите од Македонија ласаат за вонредните парламентарни избори во Бугарија.



Како 7-мо избирачко место годинава беше отворено во градот Велес.

На последното пребројување имаше 181 пријавени за гласање, но тој број може да се промени бидејќи барањето за гласање може да се поднесе денеска.

Најмногу од пријавени се во Прилеп – 46, Кавадарци – 45, Велес – 42 лица. Во Охрид се пријавиле седум, за да гласаат во Амбасадата на Бугарија во Скопје се пријавени девет, во Струмица 22 и во Штип -двајца. Во амбасадата во Скопје и во генералниот конзулат во Битола ќе гласаат и вработените и пријавени бугарски граѓани

Ќе се гласа со хартиени ливчиња во сите населени места во државата.

Бугарските власти тврдат дека во Македонија има над 100.000 бугари.