„Трите Ер трактори кои изминативе две години чекаа во хангари за да бидат оспособени за лет, наскоро заминуваат на сервисирање во Шпанија. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути за ДВ вели дека ја потпишал одлуката за сервисирање на авионите со операторот од Шпанија, по што се очекува за да почнат домашните и меѓународните процедури за нивен транспорт.
И вицепремиерот Артан Груби најави дека во најскоро време авионите ќе бидат однесени на сервис, иако тоа ќе чинело многу повеќе од предвиденото во тендерот. Тој вели дека цените се нагло пораснати повеќе од 50 проценти од она што е предвидено во тендерската постапка и затоа пропадале претходните две постапки.
Сервисирањето трае од месец и половина до два, што значи дека авионите ќе можат да бидат ставени во функција пред октомври. Сервисот е со важност од само една година, а чини околу 400 илјади евра“.
Извор „Дојче веле“






