,,Македонскиот Тигар” потпиша за UFC

Нашиот ултимејт борец Ален Амедовски кој досега има скор од 8-0 во MMA и сите негови борби се завршени со нокаут во првата или втората рунда потпиша професионален договор за екипата на UFC и ќе учествува во топ борби во овој опасен спорт.



„Ова е моето патување, знаев дека нема да го завршам својот работен век работејќи во фабрика. Не без задоволен со својот живот. Секој ден кога ќе се разбудам во главата ми се две работи – семејството и ММА. Спиев на под, имав само пет евра за храна, ама јас продолжив да сонувам. Сè вложив во себе, сè жртвував. Секогаш бев оддалечен од мојот син, ос мојата сопруга, знаејќи дека тие моменти не се враќаат. Никој не веруваше во мене, никој освен самиот јас“, напишал Амедовски со потпис УФЦ.

https://mobile.twitter.com/mmatodaynews/status/1086048240078708736?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1086048240078708736&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps%253A%252F%252Ftwitter.com%252Fmmatodaynews%252Fstatus%252F1086048240078708736%26widget%3DTweet

Тој сега е член на Американ Топ Тим од Рим, каде тренира со славниот Алесио Сакара, а ќе се бори во средна категорија. Засега не е познато кога ќе дебитира во топ ултимејтфајт спектаклите.

Пред да дојде до врвот на ММА борбите Амедовски забележа две бoрби во Белотор, а во последната против Ибрахим Мане победи со нокаут за 12 секунди, што не е непознато за него, бидејќи во 2015 година го нокаутира својот противник за 11 секунди. Има 30 години и се натпреварува во средната категорија.

Поради неговото потекло од селото Папрадник во Центар Жупа, Дебарско, Амедовски покрај “Македонски тигар” го нарекуваат и “Принцот од Жупа” и “Кралот на Река”.

На сите свои борби Амедовски влегува со боите на Македонија а победите ги прославува со македонското знаме.

Како заврши последната битка на Амедовски.

https://m.youtube.com/watch?v=L7MZYt0nhLM&feature=youtu.be