Македонскиот ММА борец Ален Амедовски кој на мечевите секогаш излегува со македонското знаме
продолжува со извонредната серија победи и сензационална кариера во профи рингот.
Популарно наречен “Македонскиот Тигар”, 29 годишниот борец кој е родум од Центар Жупа вечерва во Рим, Италија ја оствари шестата победа во професионалната кариера во овој жесток и популарен спорт.
Тој вечерва го победи големиот фаворит Ирецот Вил Флури со технички нокаут за само 99 секунди.

Флури предходно немаше пораз во кариерата.
Тоа беше борба на предизвикувачи во средна категорија до 84 килограми со која низата на победи на Амедовски продолжи до шест врзани и тоа без пораз.
Ален и во претходните пет настапи бриљираше во мечевите на Апенините и главно во Милано со Мамду, Саммарко, Дорошкин, Ткачи и Фантасиа во кои извојува брзи и ефектни победи.
И вечерва Амедовски победата ја прослави со високо кренато македонско знаме.





