Во духот на својот новоговор по бугарското вето за старт на преговори на Европската унија со Македонија годинава, премиерот Зоран Заев го спомна и македонскиот народ во јавната благодарница за најавената донација на антиковид вакцини од Бугарија.
После одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија.