Македонскиот граѓанин тоне во сиромаштија, има ли излез од стравот и безпарицата?!

Без реална и јасна стратегија обичниот граѓанин само ќе тоне во сиромаштија, а Македонија тешко дека ќе излезе на крај со скапотијата, алармираат економските експерти, анализира Алфа. Од година во година сиромаштијата зема се поголем замав. Колкав, како последно отсликаа невладините организации кои обелоденија загрижувачки податоци за дури половина милион луѓе кои преживуваат за помалку од 200 денари дневно. Експертите се загрижени и предупредуваат дека овие податоци само отсликуваат какви реално се политиките што ги презема власта. Професорот Лазар Јовевски предупредува дека е крајно време да се напуштат политиките на популизам и сериозно да се преземат реални стратегии.



Последните податоци за сиромапштијата статистика ги објави пред три години. Исто толкав период нема ниту конкретна стратегија за справување со сиромаштијата, што според упатените само покажува дека проблемот е многу сериозен и допрва може да се продлабочи.

Отсуството на Ако власта не стави прст на чело и не преземе реални, а не само козметички мерки, сиромаштијата уште повеќе ќе се зголемува, велат економистите. Алармираат дека нема ден, а да нема еден куп куфери на автобуските станици и аеродромите, оти незадоволната младина постојано купува билет во еден правец оти сака да живее како што доликува, а не да само да тапка во место.

Според последните податоци, повеќе од една четвртина од луѓето се очекува да западнат во сиромаштија до крајот на годинава, зашто државата никако да ги покачи платите на работнците, кои мака мачат со бранот поскапувања.