Македонија во последен момент ги врати старите дресови за настап на ЕВРО 2021, а Клинтон Јејтс и Херк Гомез, новинари на американската телевизија ЕСПН, го избраа дресот на Македонија за најимпресивен на Европското првенство кое започна вчера, овјави Екипа.мк.



Видеото од нивните пофални зборови за опремата на македонскиот национален тим на овој ЛИНК.

Синоќа, Грција отвори дипломатска офанзива против македонската фудбалска репрезентација, односно кратенката ФФМ на дресовите. која како што се наведува во писмото на грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, до претседателот на Сојузот на европските фудбалски федерации (УЕФА), Александар Чеферин, го кршел „преспанскиот“ договор за името од 2018.