Македонскиот дипломат Александар Панев кој што јавно го нападна актерот Сашо Тасевски, тврдел дека Македонците се Бугари. На ова потсетува актерот кој пренесува текст за екс македонскиот конзул во Софија кој вчера недиоломатску реагираше на пост на Тасевски.
,Ова е суштеството дипломат, конзул во Софија, кој го плаќаме со наши пари, кој смета дека Македонците се Бугари како што навеле Нетпрес, во нивниот напис за суштествово. Истиот тој напиша дека сум нечиј инсталат, платеник и југоџихадист (терминов сигурно го чул од некој Бугар), патем требало со пинцета да ме вадат од шупакот на Белград.
Тоа е дипломатскиот течник на еден бугарољубец од Свети Николе кој го плаќаме да биде конзул.
Таче не само што мораш одма да побараш од Бујар негово разрешување, па да го разрешиш и Бујар, но прво треба да му го одземете и државјанството на суштествово од Свети Николе со дипломатска кариера.
Знам, ова е научна фантастика, зашто имате иста цел. Да не постојат Македонци.
СДС(М), дали сте свесни дека поради вакви суштества ко дипломатот и поголеми штеточини од него, кои му свртеа грб на својот народ, сте готови на следните избори.
Нема таква порно ѕвезда што ќе ме доведе до таков оргазам каков што ќе доживеам во мигот кога ќе заминувате од власт засекогаш”, објави Тасевски.
Владата, МНР и министерот Османи не реагираат на скандалите што ги предизвикуваат дипломати кои плаќаат сите граѓани.
Вчера expres.mk објави уште еден поголем скандал на македонската амбасадорка во Ватикан.
Скандал со македонска амбасадорка, неприфатливо однесување на дипломатско претставништво




