Борачите ѝ ги донесоа првите два медала на Македонија на 19. Медитерански игри во алжирскиот град Оран, и тоа Магомедгаџи Нуров злато, а Владимир Егоров бронза.



Нуров во финалето во категоријата до 97 килограми славеше со 4:3 против Фејзулах Актурк од Турција, и тоа со пресврт по водството на противникот од 3:0 и со зафат за два поена во последните секунди!

Егоров, пак, во борбата за бронзениот медал во категоријата до 65 кг го совлада домашниот натпреварувач Абделхак Хербаче со 7:2.

Македонските ракометари пропуштија победа над домаќинот Алжир и мораа да се задоволат со реми 24:24, откако четири секунди до крајот поранешниот голман на Вардар, Халифа Гедбан, го одбрани седмерецот на Иван Џонов.

Македонската химна во чест на Нуров на следниот линк:

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fmakedonskiolimpiskikomitet.mok%2Fvideos%2F711801119933015%2F&show_text=false&width=560&t=0