Навивачите на турскиот фудбалски суперлигаш Ѓезтепе од Измир вклучија две македонски знамиња во својата кореографија во градското дерби со Алтај.
За „црвено-жолтите“ од градот со голема концентрација на Турци со потекло од Македонија настапува напаѓачот Адис Јаховиќ, кој има 19 настапи и 3 гола за македонската репрезентација, а за Ѓезтепе сезонава постигна четири погодоци на 22 одиграни средби.
Тимот на Јаховиќ, кој не беше во составот, загуби од Алтај со 2:0 и се наоѓа на 15. место во лигата со 20 екипи.






