Во присуство на највисокиот воен и државен врв, денеска, во касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се одржи воена свеченост по повод упатувањето на првиот контингент на Армијата на Република с Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР.
На Свеченоста пред припадниците од контингентот ќе се обратат претседателот и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
На свеченоста ќе присуствуваат и началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, високи претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, генералите во Армијата и воените аташеи од НАТО-земјите членки акредитирани во земјава.
Во првата ротација во мисијата КФОР во Косово задачите ќе ги извршуваат вкупно 44 припадници на Армијата, составен од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“.
Припадниците на Армијата својата подготвеност, интероперативност и способност за извршување најтешки задачи веќе ги имаат докажано во досегашното 18-годишно учество во мировните мисии „Исаф“ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан и мисиите „Слобода за Ирак“, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина“ и „Унифил“ во Либан.






