Македонски војници кои помагаат во Словенија се затруле со гас

Осум лица се затруле со јаглерод моноксид додека црпеле вода од подрумот на Домот на културата во Чрна на Корошкем, Словенија, меѓу кои 7 војници  кои превентивно се пренесени на лекување во болница, пренесе Плусинфо повикувајќи се на РТВ Словенија.



Според главниот медицински офицер на словенечката армија Роберт Карота, на гасот биле изложени 32 лица, од кои 18 припадници на македонската армија, 6 припадници на словенечката армија и 8 пожарникари.

Сто македонски војници заминуваат во хуманитарна мисија во Словенија

На превентивно лекување во болница се испратени пет припадници на словенечката армија, двајца припадници на македонската армија и еден пожарникар.

Сите се надвор од животна опасност.