Македонски вкус и мирис дел од најпопуларна холивудска ТВ продукција

Екс сопругата на Чарли Шин, холивудската актерка и поранешна Бонд-девојка Дениз Ричардс во едно од најпопуларните американски ТВ емисии пие чај од брендот Good Nature на македонската компанија Алкалоид.



Во емисијата „The Real Housewives of Beverly Hills“ или „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, Дениз Ричардс заедно со други популарни Американки пие македонски чај Good Nature кој Алкалоид го прави од билки и овошје од Македонија.

Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од риалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот Good Nature како свој избор на пијалак.

Оваа епизода каде се пие македонски чај од Алкалоид има гледаност од над 1.100.000 гледачи што е огромен успех за американскиот пазар каде македонската компанија се бори со светски гиганти во бизнисот со чај.

,,Во реалното шоу “Вистинските домаќинки на Беверли Хилс” се собрани жени со многу пари и гледачите може да видат како живеат и колку пари имаат… и нема везе, во една епизода они се седнати и пијат чај и чајот е наш, од Алкалоид. Истиот што можеш да го купиш и ти во секој супер маркет. Освен што чајот Good Nature Tea гази во Америка, Алкалоид има соработка и со Estee Lauder.
Ова е Denise Richards која глумеше Бонд девојка. Пијте чај и гледајте како ја освојуваме Америка со нашите билки”, пишува инфлуенсерката Ина Многуфина за успехот на Алкалоид во Америка.

„Алкалоид“ како производител на чаеви е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, најпрвин преку соработката со AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, а потоа и со пласман на своето портфолио Good Nature во 2010 година. Четири години подоцна, како следен чекор во ширењето на брендот Good Nature, чаевите на „Алкалоид“ стануваат достапни за продажба и преку најголемата платформа за онлајн-трговија „Амазон“, исполнувајќи ги високите критериуми што ги налага светски познатиот гигант при изборот на производи кои можат да се продаваат преку платформата.

Во 2020 година Good Nature остварува уште еден успех добивајќи признание за еден од своите производи, чајот Good Nature Healthy Heart, кој се најде на престижната листа на Amazon’s choice како еден од најдобро продаваните производи на „Амазон“.

Видеото кое го објавува Фемина на овој линк