Македонски тенкисти на обука во Бугарија

Тројца припадници на Армија на Република Македонија (АРМ) од 2 јули се на обука во Центар за подготовка на специјалисти (ЦПС) во бугарскиот град Сливен, соопштија од Министерство за одбрана на Бугарија.



Обуката ќе трае до 10 мај, а инструктори им се војници од Центар за обука на наредници и војници при ЦПС.

Престојот на тројцата македонски тенкисти е во согласност со потпишаниот договор за соработка меѓу министерствата за одбрана на двете земји за спроведување обука на војници од АРМ за механичари-водачи на тенк Т-72.

Соработката во овој армиски сегмент меѓу Македонија и Бугарија датира од 1999 година, кога Владата на тогашниот бугарски премиер Иван Костов ѝ подари на Македонија 100 тенка Т-55 и 100 хаубици Д-20 со калибар од 122 милиметри. Покрај тоа, Македонија од Бугарија тогаш доби и по еден комплет боева муниција за тие оружја, односно по 42 гранати за секој тенк и по 100 за секоја хаубица.