Македонски судии го развија забранетото сонце од Кутлеш на олимпијадата во Токио

Двајца македонски судии го развија забранетото знаме со сонцето од Кутлеш на Олимписките игри во Токио.



Сонцето од Кутлеш кое е забрането со Преспанскиот договор а поради кое власта на СДСМ бруси шахти беше развиорено од Македонците во Јапонија.

Франција и Данска одиграа фантастично финале на ракометниот турнир од ОИ во Токио, во кое во целокупното ракометно шоу маестрално се вклопија и македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Нашите судии беа на висина на задачата буквално од самиот почеток на Олимписките Игри, од коло во коло добиваа нови дерби натпревари и редовно одговараа максимално на предизвикот. Во четвртфиналето го судеа мечот Германија – Египет, а откако не беа делегирани во полуфиналето, тоа беше само најава дека Македонците ќе ја добијат најголемата можна чест – да бидат делители на правдата на олимпиското финале.

По завршување на финалето двајцата судии го вееја традиционалното македонско знаме во знак на успех на малиот тим кој имаше важна улога на ракометниот турнир во Токио

Линк до ФБ статусот на Начевски

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4394111607294077&id=100000858446547