Меѓународната хеленска организација за лобирање во врска со националната безбедност на Грција “Македонска лига” испратила поплака до Универзитетот на Мелбурн Австралија со барање да се казнат група македонски студенти.
Според грчката организација студентите јавно го покажувале симболот од Вергина (Кутлеш) на црна и црвена позадина а се нарекувале „Македонско студентско здружение при Универзитетот во Мелбурн“.
Според грчката Македонска лига студентите со објавување на симболот од Кутлеш сториле кривичо дело „Расна и политичка пропаганда“ а дополнително ја „навредиле, понижиле и нападнале грчко- австралиската заедница со тоа што користејќи го експанзионистичкото и нелегално знаме позирале до турски знамиња“.
Во писмото испратено од Македонската лига се вели дека студентскиот настан го прекршил мирниот соживот меѓу различните раси и етнички групи во Австралија.
Со објавување на ѕвездата од Кутлеш студентите наводно го прекршиле Законот за дискриминација од 1975 година и не само што ги провоцирале сензитивните австралиски граѓани од грчко потекло туку и сакале да предизвикаат насилен одговор од нив.
Според Македонската лига македонските студенти ги прекршиле и правилата на Светската организација за интелектуална сопственост која според нив како грчки симбол ја заштитила и третира ѕвездата од Кутлеш (Вергина).
Грчката Македонска лига од универзитетот во Мелбурн очекува да биде информирана за казните кои што според нив треба најитно да бидат изречени врз студентите за да се почитува законот во Австралија.
Засега нема одговор од универзитетот во Мелбурн




