Со учество на специјалните сили одМакедонија, Кипар, Австрија, Бугарија, Франција, САД, Црна Гора, Србија и домаќинот Грција, како и набљудувачи од Египет и Израел, вчера започна меѓународната вежба „ОРИОН 23“ на специјални сили – сили за специјални операции, што ќе трае до 5 мај.
Планирано е меѓународната вежба пда се одржува во поширокиот копнен и поморски дел на регионите Атика и Виотиа, а од Генералштабот на грчката армија на Твитер објавија фотографии од вежба на специјалните сили на Грција заедно со нивните колеги од земјите учеснички.
Вежбата „ОРИОН 23“ се одржува по шести пат и е паралелно и во склоп на Мултинационална воздушна вежба „ИНИОХОС 2023“.
Од Генералштабот на грчката армија (ГЕЕТА) соопштија дека за време на вежбата „ОРИОН 23“, што ја планира и спроведува Специјалната команда за војување на ГЕЕТА, избрано е сценарио кое предвидува формирање на Команда за специјални операции во која ќе има група за специјални копнени операции и група за поморски специјални операции.







