Македонскиот славист Емил Ниами ја прифаќа тезата на Португалија како претседавач со ЕУ за северномакедонскиот јазик како дел од бугарската лингвистика.
Ниами нема никаква дилема за јазикот кој му е мајчин.
“Јас немам ништо против тезата дека северномакедонскиот јазик е произлезен од бугарскиот. Сепак мојот мајчин јазик е македонскиот и ниту еден друг!”, порачува Ниами кој на ваков ироничен начин реагира на апсурдните тврдења на официјална Софија која ги презема и Португалија како претседавач со ЕУ.






