Македонски разузнавачи работеле во невладина на сопруга на вработен во АР

Пет дена од објавувањето на писмото кое до порталот Инфомакс го испратил свиркач, вработен во Агенцијата за разузнавање, Инфомакс нема одговори на прашањата кои излегоа од неговото сведоштво.



Неофицијално е дека АР нема да даде одговор на прашањата.

Свиркачот кој во вторникот испратил писмо, отвори нов скандал во врска со работењето на Агенцијата за разузнавање, поточно, открива дека припадници на АР работеле во невладини организации кои се занимаваат со теми од тероризам и анти-тероризам.

Од истражувањето на Инфомакс произлегува дека невладината организација за која работеле припадници на АР е НВО „Нексус“, правен субјект чиј основач е сопругата на разузнавачот Еролд Муслиу вработен во агенцијата за разузнавање.

Оваа невладина организација, за една година ги зголемила приходите од нула на 100.000 евра.

Дотациите на оваа невладина организација се тајни, односно не постојат информации од каде овие пари легнале на сметката на невладината „Нексус“ која се занимава со теми од спречување на тероризам и анти-тероризам, каде според свиркачот од АР, работат припадници на Агенцијата за разузнување на Р.Македонија.

„Во меѓувреме истиот човек обезбедува класифицирани информации за неговата сопруга која пак е претседател на НВО организација која се занимава со проекти од контра-тероризам. Таа дури има вработено и разузнавачи од АР, лојални на нејзиниот сопруг, кои работат на проекти од НВО-то. Некои од овие проекти се реализирани преку градоначалници на СДСМ блиски до Муслиу и највисокото раководство на СДСМ“ – тврди разузнувачот-свиркач за Инфомакс.

Едно од лицата кои работат во НВО „Нексус“ покрај Еролд Муслиу, како што инфомира изворот на Инфомакс, е и припадникот на АР Васко Шутаров.Што точно работат, кој ја финансира оваа невладина организација и дали овие лица имаат поминато полиграфски тест согласно чл.31 од законот за Агенцијата за разузнавање од Инфомакс не успеале да дознаат.

Во писмото од свиркачот во АР, беше наведено дека токму Еролд Муслиу е човекот кој во јавноста преку брифирање на новинари и политичари (Дамјан Манчевски) ја ширел лажната теза дека Ѓорѓе Иванов планирал прогласување на воена состојба на 27.април.

„Можеби најголемата штета е конструкцијата и лагата за инволвираност на Македонскиот претседател Иванов, и негови членови на кабинет заедно со припадници на АР во настаните на 27.Април 2017. Неговите лаги дека Иванов планирал да прогласи воена состојба веднаш по влегувањето во Собранието, направија голема политичка и лична штета на неколку членови на кабинетот на Иванов како и на неколкумина припадници на АР. Реалноста е дека секоја институција на државната безбедност собира разузнавачки информации на безбедносен настан каков што беше ониј во Парламентот, директно од лице место. Тоа е нормална процедура. Но, со конструкциите на Еролд Муслиу, некои претставници на СДСМ како Мухамед Зекири или министерот Дамјан Манчевски успеаа да направат низа на обвинувања против Претседателот и АР, што резултираше со тужби за нив.“ – вели разузнавачот за Инфомакс.

На прашањата доставени од Инфомакс до АР, на кои не обезбедиле одговор, оставен е простор од Агенцијата да упатат одговори на прашањата поставени јавно во овој текст.

Прашањата:
1. Дали АР стои зад основањето на НВО Нексус?
2. Дали лицето Васко Шутаров кој е консултант на НВО Нексус има работен однос во АР и дозвола за дополнителна дејност согласно чл.31 од законот за АР?
3. Дали лицето Еролд Муслиу подлежи на полиграфско тестирање како останатите вработен?