Македонски професор им ја откри на Софија и на СДСМ формулата за братство со македонците

Македонски професор им ја открива на Бугарија и на раководството на СДСМ формулата за братство меѓу македонците бугарите.



Професорот на Факултетот за безбедност кој предава Геостратегија Жидас Даскаловски дава едноставен совет кој ќе ги реши напластените проблеми меѓу двата народи.

Тајната според него е во почитување на реалноста и признавање на фактите.

,,За политичариве од Софија што постојано повторуваат дека имало говор на омраза и дека требало да престане и за полтроните од СДС: признајте ги Македонците, јазикот и името, тука и таму, и тензии веќе ќе нема. Почит, братско поведение ќе донесат почит и братски односи”, порачува Даскаловски кој одлично ја познава бугарската политичка сцена и традиција.