Македонски преведувач во ЕУ: Горчина, а мислев ќе бидам најрадосниот човек на светот

Македонски преведувач кој дваесетина години работи превод од европски документи или настани поврзани со унијата се чувствува огорчен по денешните настани во Брисел каде владините претставници тврдат дека се случил историски настан.



,,Од 2004 година го сонувам европскиот сон. Сум преведувал на многу историски настани сонувајќи го тој сон.

Со нетрпение го чекав овој момент кога ќе почнеме да преговараме за членство во ЕУ. Си мислев дека на овој ден ќе бидам најрадосниот човек на свет.

И еве го денот дојде. Но место радост, преовладува чувството на горчина.

Понижувањето што го доживеавме на тој пат и што допрва ќе го доживуваме, особено од нашите “браќа” Бугари, ме прави место да бидам радосен да бидам тажен. И место сега да кажам честито и со среќа, велам со лесно нека ни е Македонијо”, пишува во емотивниот пост на Фејсбук Влатко Огњановски кој е еден од најдобрите македонски преведувачи за теми поврзани со Европската Унија.