Македонски пратеници добиле смртни закани за уставните измени

Британскиот весник Тајмс објавува дека дел од 80те пратеници што гласаа за почеток на уставните промени со кои земјата ќе се вика Република Северна Македонија добиле смртни закани.



Македонските пратеници се спротивставија на Русија и гласаа за промена на името со која се отвара вратата за влез во ЕУ и НАТО, пишува влијателниот британски весник.

“80 пратеници и нивните фамилии добија предупредувања вклучително и закани со смрт затоа што гласале за Северна Македонија. Меѓу нив се 8 пратеници на опозицијата кои своите гласови ги дадоа на премиерот Заев за неопходното двотретинско мнозинатво”, пишува The Times кој ги пренесува и руските забелешки дека Вашингтон преку уцени, закани и поткуп ги убедил опозициските пратеници да гласаат за уставот.

Линк до Тајмс