Македонскиот пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски денеска и утре ќе ја испрашува бугарската кандидатка за Комесар за човекови права права при Советот на Европа.
Николовски како потпретседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа ќе ги интервјуира тројцата кандидати за иден Комесар за човекови права на најстарата европска организација кој има директно влијание на процесот на признавањњ на Македонците во Бугарија и почитување на правата на сите малцински групи во Европа а е надлежен и за други видови прекршувања на човекови права.
,,Овие два дена интервјуа во Париз за Комесар за човекови права. Ќе ги отворам прашањата за Македонците во Бугарија и Грција и одземањето на нивните основни човекови права”, најавува Николовски.
Во финалниот избор за кандидати за комесар за човекови права на Советот на Европа
Влегуваат тројца кандидати меѓу кои и предлогот на бугарската држава:
Меглена КУНЕВА претставничка на Бугарија
Манфред НОВАК претставник од Австрија
Мајкл О’ФЛАЕРТИ претставник од Ирска
Доколку на оваа функција биде избрана Кунева се очекува таа да биде под силен притисок од матичната држава целосно да ја минимизира дебатата за правата на Македонците во Бугарија и да го амортизира притисокот кон Софија за спроведување на 16 пресуди на Судот за човекови права во Стразбур.
Бугарската дипломатија последниве месеци врши интензивна дипломатска кампања за избор на Кунева која е првиот бугарски Еврокомесар во ЕУ и до лани амбасадор на ЕУ во Советот на Европа.
Овие два дена интервјуа во Париз за Комесар за човекови права. Ќе ги отворам прашањата за Македонците во Бугарија и Грција и одземањето на нивните основни човекови права. https://t.co/0yPRnNSqTD
— Aleksandar Nikoloski (@AlexandarMKD) November 30, 2023





