Македонски национален фронт до СДСМ: Зборувате за качулки и 27 април а вие ги амнестиравте маскираните напаѓачи

Реакција на организацијата Македонски национален фронт откако премиерот Ковачевски проговори за луѓе со качулки кои биле дел од протестите против бугарските барања.



Не смее да се повтори 27 април, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Кажа дека секој може да протестира, но не со качулки и со повредување на полицајци.

„Тоа е недозволиво за земја која е членка на НАТО и сака да стане дел од ЕУ“, рече денеска премиерот.

Попладнево на изјавата реагираа организацијата МНФ преку својот Фејсбук профил.

Од таму обвинуваат дека токму СДСМ преку правосудството ослободиле од вина луѓе што носеле качулки на 27 април.

,,Луѓето за кои зборува Таче со КАЧУЛКИ кои носеле КАЧУЛКИ на 27ми Април истата таа негова партија му даде АМНЕСТИЈА на тие со качулки, бидејќи беа во договор со СДС и Вилма Русковска да лажат и да им го потврдат сценариото.
Браќата Стефан и Михаел Младеновски и Захарија Симовски.
Кога СДС збори за качулки нека види во својот двор”, се вели во реакцијата на Македонскиот национален фронт.

Луѓето што ги споменува МНФ се поранешни функционери на СДСМ и СДММ.