Министерот за транспорт Благој Бочварски се пласираше на листата на луѓе кои туркаат бизарни проекти.
Бочварски јавно признава дека гради брана за која се уште не се знае дали може да се наполни сама од себе и дека се уште не е решено како целосно ќе се полни ако актуелните капацитети на реката која се преградува не се доволни.
Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев објавува видео од локалната штипска ТВ МНЕТ со коментар за бизарниот план на Бочварски: ,,Мислам дека ова е единствениот пример на планетата прво да се гради брана па потоа да се мисли од каде ќе се полни!”.
Браната на реката Отиња е едно од ветувањата на СДСМ кое се уште не е исполнето.
Видеото со изјавата на Бочварски на овој линк
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=5651029998263750&id=100000704185638






