Неспособност, перење пари или нешто трето е причина за копање на прометна улица за која граѓаните веќе платиле да биде асфалтирана.
Улицата е 15 Корпус, се наоѓа во Охрид на патот од градот кон селото Лескоец.
Асфалтирана е неодамна а викендив според очевидци повторно се копа.
Подоцна ќе треба повторно да се објави тендер за санирање од последното копање што поставува дилема дали некој промашил работи или намерно копа откако е асфалтирана за некој пак да земе провизии.
Градоначалникот засега молчи.
Толку најавуваната, од (к) радоначалникот Ѓорѓиевски рекламираната и штоотуку тазе асфалтираната улица (пред 5 дена) за која се потрошија милиони "15 Корпус" во викенд ја исекоја и копаат за канализација. Кој им дозволил? Зошто? Со месеци се праеше pic.twitter.com/l2OxUAy1rW
— ЈуримТе СоКолов (@NaUmotZijan) May 30, 2021






