Македонски камионџија измамен со лажна банкнота од 100 евра во Бугарија

Возач на камион од Македонија е последната жртва на фалсификаторите на пари во Бугарија, каде што во полициска станица пријавил измама со лажна банкнота од 100 евра.



Тој застанал на паркинг на магистралата „Љулин“ и му пришол непознат човек, кој го замолил да му раситни банкнота од 100 евра, за подоцна да забележи дека парата е лажна.

Банкнотата е земена за експертиза и е отворена истрага, јави Бугарското национално радио (БНР).