Македонски историчар на грчката “Црна листа”

Само два дена откако expres.mk предупреди дека и покрај договорот со Грција не е решен проблемот со грчката црна листа на македонски граѓани, се случува првиот пример за овој проблем кој ги мачи стотици граѓани.



Пред неколку дена врз основа на грчките закони за безбедност грчките гранични служби не дозволиле влез на македонски историчар.

Димитар Љоровски Вамвакоски, претседател на друштвото на историчарите на Македонија, бил спречен да влезе во Грција затоа што се смета за опасен по државната безбедност и јавното здравје кај јужниот сосед.

Првиот човек на најстарото здружение од ваков тип кој е професор во Институтот за национална историја (ИНИ) не добил објаснување за причините поради кои е одбиен да влезе во Грција.

За Љоровски – Вамваковски ова е втора забрана, првата која завршила пред десетина дена ја добил пред неколку години

Договорот не ги спаси Македонците од грчката црна листа