Македонски граѓанин меѓу загинатите во експлозијата во фабриката во Словенија

Меѓу загинатите во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, има и еден државјанин на Македонија, објавија словенечките медиуми.



Полициската управа на Љубљана, соопшти дека од останатите четворица загинати, двајца се Словенци, а двајца државјани на БиХ.

Засега се уште не може да потврди дали причина за експлозијата е човечка грешка.

Експлозијата во Кочевје, гратче со околу 8.000 жители во јужна Словенија, се случи вчера околу 8.30 часот.