Македонски фирми сакаат да го градат новиот Клинички, но…

Од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање сметаат дека македонските компании имаат капацитет и ресурси да изградат објект како што е идниот Клинички центар. Од властите се бара тендерот да биде доделен на македонска градежна компанија, со што и парите од големата инвестиција би завршиле кај македонските граѓани.



„’Гранит’ и ‘Бетон’ во минатото граделе објекти од овој тип. Неприфатливо е проектот да биде даден на компанија надвор од државата, а градежните работници овде да останат без работа“, велат од Синдикатот, пренесува „Фокус“

Од синдикатот велат дека се неприфатливи условите кои ги поставуваат Владата и Министерството за здравство, како што е, на пример, компанијата да има веќе изградено таков или сличен објект во последните 10 години, а другиот услов, неприфатлив за градежниците, е да има депозит од 250 милиони евра.