Македонски филозоф: Дојдовме до фаза на политичко ждерење непозната и за најстрашните колонии

Македонија е дојдена во фаза во која политичката елита на СДСМ и ДУИ на власт веќе не се грижат да остават слика ниту на привидна демократија, смета филозофот Бошко Караџа.



За Караџа вакво однесување на власт немало ниту во колониите со најлош имиџ во светски рамки.

,,Дојдовме до таква фаза на политичко самоволие што овие веќе не се ни трудат да глумат или симулираат некаква демократија, процедури, јавна ствар, одговорност, чест и слично. Толку безобразна искреност во политичко паразитирање и ждерење не е видена ниту во најозогласените колонијални гувернии”, смета Караџа.

Доц. д-р Бошко Караџов е роден во Велес, Р. Македонија. Во 2002 година дипломира на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со просечен успех 9,43 и одбрана на дипломскиот труд „Основите на Декартовата теорија на познанието“ во кој го истражува и анализира нововековниот гносеолошки априоризам во филозофијата на Рене Декарт, Џон Лок и Иманулел Кант.