Македонскиот експерт за осигурување Др. Климе Попоски е човекот кој ќе води панел на глобалниот настан во организација на водечката меѓународна новинарска агенција Reuters.
Настанот е поврзан со трендовите во еден од најголемите светски бизниси но и со последиците од корона кризата а е насловен „Иднината на осигурувањето во Европа“.
Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24 и 25-ти Ноември а меѓу учесниците се високи европски претставници одговорни и за борба со финансиски криминал.
На настанот ќе говорат и дебатираат водечките извршни директори на глобалните осигурителни групации како што се: AXA, Swiss Re, Generali, AIG, Zurich, Lloyd’s, Scor, Convex, RSA, Ageas. Исто така ќе учествуваат и регулатори, консутлантски организации и др.
На панелот насловен „Key Risk Considerations For Doing Business In Europe“, кој ќе се случува на 25-ти Ноември, модератор ќе биде Проф. Климе Попоски, член на Собранитето при Стопанската комора на Македонија. Во неговиот панел како говорници ќе учествуваат:
Martin Merlin, Director, Bank, Insurance and financial crime – Directorate General for Financial Stability, Financial Services & Capital Markets Union European Commission;
Katja Pluto, Chief Risk Officer – EMEA, Zurich;
Frieder Knüpling, Group Chief Risk Officer, SCOR;
Fabrice Brossart, Chief Risk Officer International General Insurance, AIG;
Попоски е еден од водечките европски експерти за осигурување, во два мандати беше директор на Агенцијата за супервизија на осигурување но актуелната власт не му го продолжи мандатот.

Во негово време како прв супервизор на овој важен домашен сектор дојде до целосна стабилизација на македонскиот осигурителен бизнис.
Сите заинтересирани можат бесплатно да се регистрираат на следниот линк:





