Македонски државјанин загинал во Италија додека го бркала полиција

Македонски државјанин на возраст од 27 години загинал во сообраќајна несреќа во Италија додека го бркала полиција.



Инцидентот се случил во градот Пезаро каде дошло до судир меѓу возилото во кое бил македонскиот државјанин заедно еден албански државјанин.

Нивното возило кое било сомнително на полицијата било мета на полициска потера на која бегалците не застанале по што се судриле во друго возило во кое имало три лица од кои една жена на возраст од 32 години починала на лице место а две други се повредени.

Италијанската полиција го уапсила албанскиот државјанин кој е повреден во сообраќајката, јавуваат албански медиуми.