Српски „Телеграф“ идентификуваше 21-годишен државјанин на Македонија со иницијали Д.Л. како еден од двете ранети момчиња во престрелката синоќа околу 19:40 часот во Белград.
Македонецот добил повреди во пределот на грбот, а Србинот А.П. (26) со богато криминално досие со кој бил во друштво пред ресторан за брза храна во населбата Врачар има прострелни рани во нозете.
Врз двајцата пукал со пиштол Н.Ѓ. (20), кој им пришол од блискиот парк, а подоцна е приведен во полициската акција наречена „Виор“.
Двете застрелани момчиња се префрлени во болница и се наоѓаат надвор од животна опасност.






