Група македонски ски туристи деновиве предизвикале мал инцидент во хотелот со пет ѕвезди Фалкенштајнер Кронплац во ексклузивниот ски центар Рисконе на планинскиот масив Доломити.
Откако групата од десетина Македонци биле прегласни и го нарушиле мирот во објектот дел од гостите ги замолиле менаџментот на хотелот да реагира и да ги смири македонските гости.

Според гости на хотелот во групата имало бизнисмени или политичари затоа што со нив имало и обезбедување кое ги чувало цело време на престојот.
Гостите кои информираат за малиот инцидент кој завршил по реакцијата на менаџментот не можеле да ги препознаат бучните Македонци за кои прво мислеле дека се Руси.
Една ноќ спиење во овој хотел за едно лице чини над 500 евра што значи дека македонските туристи за една недела заедно со другите трошоци за скијање ќе потрошат илјадници евра.

На социјалните мрежи се уште нема познати македонски бизнисмени или политичари кои деновиве се фалат со скијање на прескапата италијанска дестинација.
Најчитани вести
Од прилика на секој пет Албанци по еден Македонец, ниту еден од малите заедници
Министерот за здравство унапредил 17 луѓе, тројца се Македонци






