Македонски амбасадор без дозвола дошол на одмор дома, го фатиле по сообраќајка

Министерството за надворешни работи формирало дисциплинска комисија преку која му се суди на македонски амбасадор во една земја членка на ЕУ и НАТО.



Дисциплинската комисија, според извори во министерството за надворешни работи, треба да оцени дали амбасадорот треба да биде вратен од дипломатската мисија поради непочитување на протоколите на МНР или да се казни парично со одреден процентот од неговата плата која изнесува близу 3000 евра.

Амбасадорот според наводите на комисијата без дозвола од надредените службеници во МНР се вратил во земјава со службеното возило од амбасадата каде што службува без за тоа да извести некого во министерството.

Додека амбасадорот бил во земјава, а за тоа не знаеле неговите претпоставени, тој со службеното дипломатски возило со кое исто така без дозвола пристигнал во Македонија, бил дел од сообраќајка во охридскиот регион по што за настанот од МВР биле известени претставници на МНР.

По примените информации за однесувањето на амбасадорот кој беше еден од главните поддржувачи на Шарената револуција во министерството за надворешни работи тој со оглед на тежината на прекршокот се соочува со прекин на дипломатската кариера.

МНР од каде неофицијално се потврдува целата информација официјално молчи за дисциплинската комисија додека не се заврши целата процедура.

Последни вести

Вчера снимавме лепче, утре бурек, за некој ден симит погача

Некогаш камери се викаа за автопати, стадиони, сали…. сега новинарите се канат за сликање леб (СТАТУС НА ДЕНОТ)