Македонски агент ги плаши Португалците: Македонците се тврд орев, можеме да победиме секого

Некогашниот играч на повеќе португалски екипи а сега фудбалски агент Панче Георгиевски кој 22 години работи и живее во Португалија беше дел од емисија за престојниот бараж во Порто на португалската национална телевизија.



Георгиевски кој е екс репрезентативец на Македонија и поранешен играч на Вардар, Победа и Работнички во емисијата објасни дека иако неговата Македонија е аутсајдер се работи за добро подготвена екипа која може да победи секого особено што истата оваа екипа за една година ги победи на гости Германија и Италија.

,,Менталитетот на Македонците е да се мотивираат пред најголеми предизвици”, вели Георгиевски во емисијата посветена на патот на Португалија до Катар 2022.

Видеото со Георгиевски

https://fb.watch/c0oo-G75hj/

Видеото со превод на англиски јазик

https://m.facebook.com/profile.php?id=532214152