Профилот Maedonian lawyers for human rights (Македонски адвокати за човекови права) кој се занимава со индивидуални прекршувања за човекови права објваува таканаречен ,,Твит тренд” во кој на едноставен ироничен начин ја уништува позицијата на Артан Груби и Димитар Ковачевски за тајноста од катастрофалниот договор со Бехтел и Енка во кој има неверојатно штетни работи за Македонија.
,,Договор за јавна набавка не може да биде деловна тајна. Ако е така тогаш од сега секоја јавна набавка нека биде деловна тајна, нека си прави кој што сака и да не се замараме со отчет, транспарентност, корупција и останати глупости”, пишува во твитот кој дава саркастичен пример за деловна тајна: Замисли гонат некого за тоа што го дал тендерот на баџанакот и не може да се докаже пошто договорот е деловна тајна.
,,Кој одобрил купување на службени возила од два милиони евра?
Не се знае, деловна тајна е”, пишува во твитот кој дава објаснување што би се случило со другите ситуации каде владата прави криминал и се штити со деловна тајна.
,,Ало? Ми треба тој документот за деловна тајна, речи и на Жане да ми го прати формуларот. За што? Абе син ми сака со девојка му да одат за Париз, ама нејќам да се труби по медиуми па да го пишеме јавна набавка. И хотелот, да. Може? Ајде, готово”, се вели во друг пример кој ја објавува неодоливата позиција на Груби и Ковачевски во очигледната намера да скријат криминал од највисоки размери.
Профилот дава пример како со деловна тајна ако се прифати владината криминална позиција, може од затвор да куртулат и правни субјекти.
,,Дали даваме фискална? По совет на мојот адвокат, не сум во состојба да ви одговорам, деловна тајна е. Исто и таа робата што ја нема во материјално книговодство, не е на црно. Деловна тајна е”, стои во твитот на профилот кој ретко
се инспирира дневна политика, но овој пат имал таканаречен facepalm момент односно бил испровоциран од безобразието н Груби и Ковачевски.
BTW договор за јавна набавка не може да биде деловна тајна. Ако е така тогаш од сега секоја јавна набавка нека биде деловна тајна, нека си прави кој што сака и да не се замараме со отчет, транспарентност, корупција и останати глупости.
— Macedonian Lawyers for Human Rights (@LawyersHuman) April 13, 2023





