Македонската влада ги известила ОН дека Република Северна Македонија и Северна Македонија е исто

Властите во Скопје испратиле усна нота до Обединетите Нации во која се вели дека Република Северна Македонија и Северна Македонија е едно исто и се однесуваат на територијата на РСМ и дека нема територијални претензии.



„Ова е првиот голем чекор“, изјави Ковачевски на средбата со неговиот бугарски колега и додаде дека е забрзана изградбата на граничниот премин Клепало, пренесуваат повеќе медиуми.

„Се договоривме дека Бугарија прифаќа да го користи краткото име – Северна Македонија, подеднакво како и долгото – Република Северна Македонија. Бугарија нема веќе да ја кочи употребата на краткото име во ниту една институција и за тоа ги извести Обединетите нации (ОН)“, рече Ковачевски на заедничката прес-конференција во Владата во Скопје.

Како премиер, започнувам со едно од најважните прашања за Македонија – европската интеграција на земјата. Заедно со бугарскиот премиер Кирил Петков сакаме да ја искористиме новата енергија за постигнување на заедничката цел – за подобра иднина за двете земји, изјави македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Според Ковачевски, „двете земји влегуваат во нов прозорец во нашите билатерални односи“, а создавањето услови за брз напредок во европските интеграции е еден од врвните приоритети на ПКМ.

Бугарскиот премиер Кирил Петков најави дека следната средба со РС Македонија ќе се одржи на 25 јануари. Потоа ќе има заедничка владина седница.

Двете страни се согласија да формираат работни групи на конкретни теми. Кирил Петков најави дека работните групи ќе се состануваат секоја недела.

Добрососедството отсега ќе се мери во чекори и реално постигнати резултати. Линијата Софија-Скопје ќе биде реалност. Точните специфики ќе ги имаме за 30 дена, рече Кирил Петков.

Апсолутно го почитуваме самоопределувањето на сите граѓани на Македонија, нагласи Петков. Тој изрази надеж дека историската комисија ќе биде една од петте работни групи, придобивките од заедничката работа ќе бидат во поинаква средина – средина на добар дијалог и конструктивна акција.

Македонскиот премиер очекува членовите на заедничката историска комисија заедно да соопштат што е договорено во јавноста. Очекува ова да биде мост кон иднината, а не кон минатото, додаде Ковачевски во изјавата.