Најчувствително, префинето и најљубезно откровение за манифестацијата Темпието и за градот Рим. Македонско благородништво во музиката.
Ова е оценката од критиката за настапот на младата македонска оперска певица Илина Илина Митревска по концертите на римската сцена Темпието.
Младата сопранистка од Македонија која студира соло пеење во Италија доби извонредни критики за своите вокални и сценски квалитети за време на настапот на престижната римска музичка сцена каде настапуваат и други македонски уметници.
Митревска исполни дела на Верди, Пучини и Доницети.

Видео од нејзиниот настап
Илина Митревска лани беше избрана меѓу десетте најдобри и најнадежни музички таленти во изборот на престижното италијанско музичко натпреварување “Neapolitan masters”.





