Вработените во институциите од културата денеска одржуваат еднодневен штрајк порадци непотпишување на Колективен договор на кој чекаат повече од една деценија.
Тие ќе се појават на работните места, но нема да ги извршуваат обврските.
Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) преговара речиси две години и континуирано добива само ветувања од Владата и Министерството за култура дека ќе биде потпишан прво до крајот на 2018 година, а потоа до крајот на 2019-та.
Според, Гоце Павловски, секретар на СКРМ, вели дека речиси 15 години вработените во културата се без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Ускратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работатата.
Денешниот предупредувачки штрајк на СКРМ е поддржан и од нивни колеги што членуваат во Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), кој донесе одлука да солидаризира зашто културата е дејност од национален интерес.





