Судејќи според неуспехот на Васил Гарванлиев да се пласира во финалето на музичкиот натпревар „Песна на Евровизија“ во Ротердам, повиците од премиерот Зоран Заев и од министерката за образование и наука Мила Царовска не допреле до македонската дијаспора.
Заев и Царовска со идентичен апел се обратија до Македонците во светот да гласаат за македонскиот претставник на „Евросонг“, но тој не се најде меѓу десетте финалисти од првата полуфинална вечер со 16 земји-учеснички.






