Дијаспората во текот на ланската 2020-та година во земја испратила 361 милион евра, што претставува околу 3,4 отсто од БДП на државата, но сепак нашата земја има помалку дознаки во споредба со земјите од регионот.
Според податоците на Евростат, парите од гастарбајтерите од странство за Србија се околу 7,2 отсто. на БДП , во Босна и Херцеговина – 9,3%, во Албанија – 9,8%, во Црна Гора – 12,5% и во Косово – 18,5% од БДП.
И во апсолутни бројки, имаме најмали дотации од дијаспората, споредено со целиот регион. Најголем прилива на средства од странство има Србија – 3,37 милијарди евра, потоа следат Босна и Херцеговина – 1,63, Албанија – 1,27, Косово – 1,25, Црна Гора – 524 милиони и на крај Македонија со 361 милион евра.







